Оние кои подолго време деинсталираат програми со алатката на студиото за софтвер, Nirsoft, дефинитивно ја паметат алатката MyUninstaller. Со оглед на тоа дека таквата алатка датира уште од 2003 година и е, по многу стандарди, застарена, авторите веќе некое време ви дозволуваат да ги деинсталирате непотребните работи со подобрената UninstallView.
Како алатка во пренослива состојба, UninstallView ви испорачува детали за вашите инсталирани апликации без и самата да бара инсталирање, што е одлично за непотребно отпретување на системот со регистрите. Откако ќе го покренете, ќе бидете пресретнати со изобилство од информации како име на програмот, приказ во регистрите, верзијата, дата на инсталирање, локација и многу повеќе. Кога ќе најдете програма која не ви ја треба повеќе, UninstallView ќе ја отстрани тивко и немилосрдно, без да ве вознемирува со непотребни прозорци и барања за дополнителни одобрувања, доколку се разбира, таквата опција е поддржана од самата апликација. Ова е одлично доколку имате потреба од неколку отстранувањa, едно по друго.

Дополнително, UninstallView ќе ви излезе во пресрет и доколку сакате далечински да деинсталирате софтвер на некој ваш пријател или роднина, и тоа преку PsExec алатката од Windows SysInternals. За таквото нешто, се препорачува да го повлечете и пуштите PsExec.exe фајлот во истиот фолдер како и UninstallView.