2 коментари 2 мин. читање

Amazon, Kickstarter, Reddit и Mozilla подготвуваат онлајн протест

Онлајн протест со кој ќе се зачува интернет неутралноста е новиот план на неколку популарни сервиси и платформи. Дел од поддржувачите се најпопуларните и најважните имиња на Интернет, забележи Washington Post.

„Федералната комисија за комуникација сака да ја уништи интернет неутралноста и да им овозможи на големите провајдери да контролираат што гледаме и правиме онлајн. Ако ова биде донесено ќе биде дозволено забавување, блокирање, цензура и дополнителна наплата. На 12 јули, целиот Интернет заедно ќе ги запре“.

Поддржувачи на протестот се: Etsy, Kickstarter, Mozilla, Reddite, Y Combinator и Amazon. Протестот е едноставен и е закажан за 12 јули кога овие компании ќе го променaт изледот на своите веб-страници. Овие страници ќе помогнат да се зголеми свеста за значењето на интернет неутралноста.

Една од придобивките на интернет неутралноста е можноста сите подеднакво да го користат интернетот. Ова на огромен број на стартапи и мали компании им овозможува подеднакви услови за натпревар како и големите компании. Благодарение на ова сервисите како Netflix и Dropbox може да се натпреваруваат со конкурентите при исти услови.

„Без интернет неутралност, се плашам дека кабловските и бежичните оператори кои го контролираат интернет пристапот ќе имаат премногу моќ да ги бираат победниците и поразените на пазарот“, вели Сем Алтман претседател на Y Combinator.

Интернет неутралноста овозможува сите податоци да бидат третирани подеднакво. Ова значи дека целокупниот сообраќај се третира исто, видео, имејл пораки, музика, имаат ист приоритет.

Можеби ставот на Netflix е најдобар показател зошто интернет неутралноста е од исклучително значење. Пред неколку години, Netflix беше еден од најгласните заговорници на интернет неутралноста. Денес компанијата е доволно голема и има доволно средства да плати за приоритетен сообраќај, интернет неутралноста не е повеќе важна. Секако интернет неутралноста е важна за новите сервиси кои имаат помалку средства, но се доволно квалитетни да привлечат публика. Без разлика на квалитетот и содржината доколку немаат доволно финансии да бидат во приоритетните линии, никогаш нема да имаат доволно корисници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top