0 коментари 1 мин. читање

Први јавни тестови за автономните автобуси во Лондон

Британската јавност наскоро ќе може да ги тестира автономните автобуси на Oxbotica во Лондон. Следните три недели граѓаните и посетителите на Лондон ќе можат да го тестираат возилото во Гринич. Дури 5.000 волонтери се пријавиле за учество во тестот, јави BBC.

Image: gateway-project.org.uk

Возилото е минибус или шатл и има простор за четири патници. Автобусот е во целост управуван од компјутери, иако има присутен „возач“ кој може да ја преземе контролата и да го запре возилото, доколку затреба.

Должината на тест патеката е околу 3 километри, во близина на O2 арена. Возилото е прилично безбедно, а максималната брзина која може да ја развие е околу 16 km/h.

Целта на тестот е граѓаните да имаат можност да се запознаат со автономните возила. Технологијата е сè уште во рана фаза, па бројот на корисници кои можеле да се повозат е незначителен. Поради ова градските власти ќе се обидат да ја доближат технологијата до граѓаните.

Системот за превоз би можел да биде достапен за јавноста надвор од тест фаза веќе од 2019.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top