0 коментари 1 мин. читање

ЈСП Возен Ред е нова македонска iOS апликација

ЈСП Возен ред е iOS апликација на Александар Ангелов. Апликацијата ќе им помогне на сите корисници попрактичнен начин за користење на јавниот сообраќаен автобуски превоз.

Апликацијата ги има истите податоци што се достапни и на веб-страницата на ЈСП, но ги прикажува попрегледно. Преку табеларен приказ апликацијата му овозможува на корисникот веднаш да забележи за колку време пристигнува следниот автобус. Ова овозможува брз преглед и ќе им помогне на корисниците почесто да ги пречекаат автобусите на станица.

За Android постојат повеќе слични апликции од истоимената ЈСП Возен Ред, па се до најновата TransInfo. Апликациите имаат свои предности и недостатоци, но ако за Android има доволно апликации, за iOS се реткост.

За апликацијата е потребен барем iOS 10.2, што значи дека апликацијатa им е достапна на корисници на iPhone 5 и поновите уреди и најголем дел на iPad таблетите, освен првата верзија.

Image: JSP Vozen red / AppStore
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top