0 коментари 1 мин. читање

Руски шпиони обвинети за најголемиот хакерски напад во историјата

Министерството за правда на САД обвини двајца руски шпиони за хакерските напади на Yahoo. Обвинетите руски државјани Дмитри Александрович Докулаев и Игор Анатолјевич Сишчин се дел од ФСБ. Покрај вработените во ФСБ, обвинети се и двјаца хакери; еден руски и еден канадски државјанин со потекло од Казакстан. Четворицата се обвинети за напади на Yahoo, но и за напади на Google.

Yahoo минатата година објави неколку навистина големи безбедносни пробиви. Првиот во 2014 година, кога беа пробиени профили на 500 милиони корисници, компанијата обвини државни агенции. Ова не е првпат да биде обвинета Русија за хакерски напади во САД, но е прв пат да бидат обвинети руски државјани, јави New York Times.

Цел на нападот биле имејл адреси на американски и руски дипломати; сајбер безбедносни експерти; воен персонал, но и комерцијални комании и руски новинари. Четворицата заедно се вкупно обвинети за 47 различни прекршоци, вклучувајќи и економска шпионажа.

Засега нема реакција од руска страна. Рускиот амбасадор соопшти дека нема добиено официјален став.

Едниот од обвинетите и претходно е казнуван за сличен криминал. Алексеј Белан два пати досега е обвинет. Американските власти барале негова екстрадиција, но Русија не одговори на овие барања. Г. Белан е и на листата на Федералносто истражно биро на најбарани криминалци.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top