Google Street View и досега нè носеше на куп неверојатни места. Досега нè однеле низ: пустини; на дното на океанот; на врвови на планини и куп други места кои најчесто нема да имаме можност да ги видиме. Овој пат Google Street View нè носи во центарот на активниот вулкан, Марум. Вулканот е на австралискиот остров Амбријум.
За снимање на вулканот, Google соработуваше со истражувачите Гоеф Меклеј и Крис Хорсли. Двајцата се спуштија во вулканот и сликаа со 360-камера Trekker, јави Digital Trends.
„Езерото од лава кое е на дното на кратерот е со големина од две фудбалски игралишта. Сфаќате колку се безначајни луѓето кога стоите до огромно огнено езеро од растопен камен. Кога сте блиску, е како да гледате во површината на сонцето.“, вели г.Меклеј.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.