Ryzen 5 процесорите пристигаат на 11 април

во Хардвер

AMD откри дека Ryzen 5 процесорите пристигнуваат многу поскоро отколку што се надевавме. Компанијата ги најави четири и шест јадрените процесори за 11 април, а цената останува конкурентна и за оваа серија.

Ryzen 5  доаѓа со 4 процесори во серијата, еден повеќе од Ryzen 7;  R5 1400, R5 1500X; R5 1600 и R5 1600X. Сите процесори се отклучени мулитиплаери и SenseMI, јави ArsTechnica. Според цената процесорите би требало да им бидат конкуренција на Intel Core i5 и на Intel Core i3 процесорите. Сепак за ова ќе треба да почекаме и да ги видиме перформансите на процесорите.

Она што делува извесно, барем во најавата, е дека перформансите на 1080р резолуција кои беа истакнати како проблем за R7, сега се во фокусот. Во најавата, споредбата на бенчмарк тестовите како Blender и Cinebench, беа помалку застапени од гејминг тестовите. Дури може да видиме и тест на 1080р во кој прикажуваат дека процесорот одржува стабилни 120fps. Компанијата е посветена да го надмине овој проблем, па можеби веќе со R5 резултатите ќе бидат поизедначени.

Најмоќен процесор од R5 серијата е R5 1600X, шест-јадрен/12-тред (thread) процесор, со работна фреквенција 3.6 GHz и турбо на 4.0 GHz. R5 1600 е со ист број на јадра/тредови, но со работна фреквенција од 3.2 и 3.6 GHz. R5 1400 и R5 1500X се четири-јадрени/8-тред процесори на 3.2/3.4 GHz и 3.5/3.7 GHz.

Image: AMD

За разлика од процесорите на Intel, AMD доаѓаат без онборд графичка картичка, што сепак е нешто на што мора да се размислува кога склопувате компјутер со ограничен буџет. За разлика од Ryzen 7, оваа серија доаѓа со кулер во пакувањето, иако 1600Х доаѓа без кулер.

R5 1600X доаѓа за 250 долари; R5 1600 за 220 долари; R5 1500X за 190 долари и R5 1400, 170 долари. Со оглед на тоа дека до излегувањето има помалку од еден месец, повеќе податоци за перформансите би можеле да дознаеме наскоро.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments