0 коментари 2 мин. читање 24 февруари, 2017

Новиот Exynos 8895 e првиот 10nm процесор на Samsung

На неколку дена пред Mobile World Congress, Samsung го најави својот нов ARM процесор. Exynos 8895 e првиот 10 nm процесор на компанијата. Засега нема потврда за моделите во кои ќе биде присутен процесорот. Вообичаено Exynos се користи во Galaxy S телефоните.

Иако Samsung не е првата компанија на која помислуваме кога процесорите се во прашање, Exynos серијата е импресивна во high-end уредите на компанијата. Exynos 8895 е осум јадрен процесор. Четири јадра се Cortex А53, а четири Exynos M2. Процесорот доаѓа со Mali G71MP20 графички процесор. Вообичаено во 8 јадрените мобилни процесори, 4 јадра се за работа со поголемо оптоварување, а 4 за помалку тешките процеси.

Новиот графички процесор Mali G71MP20 е навистина импресивен. Поддржува 4K UHD видео на 120 fps, но и 4К резолуција за VR гејминг.

Во споредба со сегашната серија, новата генерација е со 27% подобри перформанси и 40% помала потрошувачка на енергија. Сепак, овие бројки се од првата најава за процесорот, а по најавата нема официјална потврда, јави Anand Tech.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top