0 коментари 1 мин. читање

Intel со Atom C3000 чип ќе освојува нови пазари

Intel го најави C3000, нов 16 јадрен процесор. Новиот чип ќе се користи во сервери, мрежна опрема и интернет на нештата.

Процесорот е наменет за примена во уреди каде нема потреба од големи перформанси. Сепак, бројот на јадра ќе овозможи истовремена обработка на повеќе стримови на податоци. Ова е поинаква насока за Atom процесорите откако компанијата пред околу една година се откажа од пазарот на паметни телефони.

Процесорот е со работна фреквенција помеѓу 1.5 и 2.2 GHz и има поддршка за ECC меморија. Процесорот истовремено може да опслужува: до 4 10-Gbit приклуоци, 16 sata600 интерфејсти или 4 uSB 3.0 порти. Потрошувачката на C3000 е 8.5 W.

Intel е во последната фаза од тестирањето на C3000, а до средината на 2017 компанијата ќе започне со производство, јави Guru3d.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top