Чекањето е при крај. Новиот процесор од AMD Ryzen ќе биде достапен во продажба од 2 март. Ова е дата од која процесорот ќе биде достапен во продавниците, а не дата од кога ќе почне да се испорачува.
Компанијата за прв пат ја спомна и официјалната цена и први бенчмарк тестови за Ryzen. Повеќе независни бенчмарк тестови ќе има подоцна, но засега ги имаме бројките од AMD. За почеток компанијата ги презентираше работните фреквенции на сите процесори. Ryzen 1800X е со работна фреквенција 3.6GHz буст до 4GHz; 1700X е на 3.4GHz, буст 3.8GHz, и 1700 is 3.0GHz и буст 3.7GHz. Ryzen 1800X и 1700X се со потрошувачка од 95W, а Ryzen 1700, 65W.
Најдобриот процесор од оваа серија е осум-јадрениот Ryzen 7 1800Х. Процесорот е одговор на Intel Core i7-6900K кој чини 1.089 долари, а перформансите се блиски, но Ryzen е 600 долари поевтин.
„Сега можам да кажам дека Ryzen 7 1800X е нјабрзиот осум-јадрен десктоп процесор на пазарот.“, вели Лиса Су од AMD.
Сепак кога обичните корисиници се во прашање, поинтересна е 1700 серијата. Резултатот на Ryzen 7 е со значително подобри перформанси од i7-7700K. Разликата во цената не е премногу голема, Ryzen 7 1700 чини 330 долари, a i7-7700K, 350 долари. Разликата во повеќе-јадрените тестови на CineBench е неверојатни 46% во корист на Ryzen. На Handbrake тестовите, R7 1700 заврши за 61.8 секунди, а i7-7700K за 71.9 секунди, јави PC World.

Image: PC World
Поинтересен ќе биде одговорот на Intel. Компанијата најверојатно најпрво ќе почека да се увери во перформансите на Ryzen. Најверојатно наједноставно ќе биде да ги поевтинат процесорите. Компанијата може дополнително да се обиде да засили доминацијата со i3 процесорите или да ја забрза имплементацијата на Intel Optane. Не е исклучено ниту зголемувањето на бројот на јадра на некои од процесорите. Првата изјава на Intel по тестовите е во поинаква насока:
„Ние секоја конкуренција ја сфаќаме сериозно, но како што можевме да заклучиме корисниците секогаш чекаат да се уверат кога се во прашање нетестирани производи. Седмата генерација на Intel го обезбедува најдоброто искуство, а новата технологија како Intel Optane меморијата доаѓа набрзо. Intel нема да престане да поставува нови стандарди.“







