0 коментари 4 мин. читање 23 февруари, 2017

Технологии кои ќе го освојат светот во 2017 според MIT

Магазинот Technology Review кој го издава MIT, неодамна сподели листа на 10 технологии кои ќе го освојат светот. Заедничко за сите технологии на листатa е предвидувањето дека своето пробивање ќе го започнат во 2017 година.

Лек за парализа

Напредокот и развојот на технологија за развој и вградување на мозочни импланти и минатата година беше забележителен. Дел од тестовите во 2016 година беа искучително успешни, но MIT очекува во 2017 технологијата да забележи уште поголем развој.

Автономни камиони

Автономните камиони веќе беа дел од патиштата во САД во 2016. Стартапот Otto веќе ја имаше првата испорака. Компанијата заедно со Budweiser успешно го помина првиот тест и најверојатно оваа година ќе бидеме сведоци на нови тестови и превоз со автономни возила.

https://youtu.be/Qb0Kzb3haK8

Плаќање со лицето

Систем за детекција на ликот овозможува плаќање со биометриски податоци во Кина. Слични системи веќе се користат и за следење на криминалци и за ограничување на пристап до различни локации.

Квантни компјутери

Можеби првите квантни компјутери веќе ги видовме во 2015 и 2016 година, но сè уште сме многу далеку од квантни комјутери со практична примена.  Google, Intel, IBM веќе имаат рана фаза на прототип, но засега е премногу рано за било какво предвидување за следниот чекор.

360-Селфи

Технологијата која го овозможува ова веќе е достапна, иако цената не е секој пат пристапна. Дали овие фотографии ќе бидат прифатени повеќе зависи од корисниците отколку од самата технологија.

Жешки соларни ќелии

Нова генерација на соларни ќелии можеби веќе оваа година ќе го променат пазарот. Новите фотоволтаични ќелии ќе овозможат надминување на теорискиот лимит кој го имаат сегашните ќелии. Технологијата може да обезбеди повеќе и поевтина енергија од сонцето.

Image: MIT / http://news.mit.edu/2016/hot-new-solar-cell-0523

Генетска терапија 2.0

Научниците веќе решија дел од проблемите кои беа пречка за лечење на дел од ретките наследни болести. Наскоро истиот пристап ќе биде достапен и за лечење на ракот, срцевите заболувања и други слични болести, предвидува MIT.

Атлас на човечкото тело

Новиот проект за целосно мапирање на секоја клетка на човекото тело е новиот мега проект. Дури и да започне во 2017 година, проектот без сомневање е еден од најобемните проекти и ќе требаат години, ако не и децении за да се заврши.

Ботнет на нештата

Големиот број на уреди кои доаѓаат под интернет на нешатата и кои се постојано поврзани стануваат вистински проблем за безбедноста. Минатата година ботнет мрежа креирана со Mirai беше искористена за најголемиот DDoS напад. Во 2017 година овој тренд ќе продолжи. Предвидувањата на безбедносните експерти се дека во 2017 година како последица на DDoS напад, некоја држава може да загуби пристап до интернет цел ден.

Зајакнато учење

Во следните неколку години компјутерите ќе можат преку експериментирање самите да научат работи со кои програмерите имаат проблеми денес. Автономните автомобили се најверојатно најдобар пример за можностите на технологијата. Можностите на возилата стануваат постојано подобри. Ова се должи на податоците од возењето на улиците, но и во виртуелниот простор.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top