Nvidia ја претстави новата генерација на Quadro графички картички. Новата Pascal надградба како и досегашните, е наменета за сите на кои професионално им е потребна моќна картичка. Картичката е наменета за креирање на содржина за виртуелна реалност, креирање на видео содржина или за инженерски апликации, вели PC World.
Quadro GP100 е најмоќната картичка од оваа серија и најмоќна картичка од Nvidia досега. Доаѓа со 32-битен floating point перформанс од 12 терафлопи и 5-терафлопи на 64-битен floating point за попрецизни пресметки. Quadro GP 100 има 3,584 CUDA јадро, и е 2 терафлопи побрза од Quadro P6000.
Картичката доаѓа со 16GB HBM2 меморија и NVLink интерконекција. GP100 се вклучува нa PCI Express 3.0 слот. Со NVLink, картичките побрзо ги вчитуваат и испраќаат податоците. Дополнително картичките доаѓаат со NVLink конектор со што е овозможено впарување на графичките картички и работа во NVLink конфигурација.
Сепак за корисниците кои работат со голем број на податоци, надградба од P600o можеби и нема да биде оправдана. P6000 има 24GB GDDR5X меморија, наспроти 16 GB HBM2. Nvidia тврди дека NVLink технологијата и побрзата меморија ќе овозможи корисниците да не ја забележат разликата.

Засега нема податоци за цената, но Nvidia најави дека картичката ќе биде достапна глобално од март. Официјална најава за цената нема, но ако го задржи формирањето на цена како и досега GP100 ќе доаѓа за околу 5.000 долари.