Steam беше под DDoS напад и постои можност да е хакнат

Никој не очекуваше дека на вториот ден од најголемата зимска распродажба, Steam корисниците ќе поминуваат часови без пристап не само до распродажбата туку и до нивните игри.

До пред некое време, Steam беше недостапен за сите посетители, а за таквото нешто зема заслуга сајбер терористичката група Phantom Squad која изјави дека лансирале „огромен DDoS напад“. Групата не понуди никаков доказ за стореното туку само допринесе да им се суспендира акаутот на Twitter поради изреченото. Ова, патем, е истата група која во ноември се изјасни дека се виновни за краткиот прекин на услугите на Steam.

Нападот, под услов да се работи за напад, бидејќи Steam сеуште се нема изјаснето за прекинот, беше со глобално влијание и никој, па дури ни развивачите, немаа пристап до платформата или пак до статистичките податоци кои ги информираат за извршените продажби.

Во моментот, ситуацијата делува разрешена и посетителите можат непречено да продолжат со шопингот, гласањето за најдобрите игри, но и негување на илузијата дека купеното од оваа продавница е навистина нивно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments