TED пред некое време за прв пат објави постаро видео од 2013 година. Можеби главна причина за ова е актуелна објавата на неколку агенции од САД и претседателот на САД кои повторно ја обвинија Русија за влијание врз американските избори за претседател.
„Бевме безбедни бидејќи инвестиравме во безбедноста. Можеа да ги нарушат изборите. Не верувам дека ќе бидеме безбедни во иднина.“, вели Харпер Рид.
Г. Рид e еден од советниците на претседателската кампања на Барак Обама. Освен ова, тој е Директор на софтвер одделот на PayPal, основач на неколку стартапи, помеѓу кои се Threadless и Modest.
Федералното истражно биро и Централна агенција за разузнавање тврдат дека Русија му помогна на Трамп да биде следниот претседател на САД. Она што е изненадување е што и покрај предупредувањето и вложените напори за поголема безбедност сепак нападите се случиле. Засега се зборува за напад врз US ElectionSafeguard, агенција која ги има клучевите од автоматите за гласање. Украдените клучеви на автоматите не се искористени минатите избори. Сепак крадецот се обидел да ги продаде на блискиот исток, пишува Wired.
Aгенциите во САД засега, не кажуваат за начинот на кој Русите влијаеле на изборите. Сигурно е дека нема напад на системот за гласање. За жал, засега нема ниту кредибилна потврда за нападот. „Или треба да престанат да зборуваат за ова или треба да обезбедат некаков доказ. Вака почнува да изгледа неверодостојно.“, вели портпаролот на Владимир Путин, г. Димитриј Пешков.