1 коментар 2 мин. читање

Epic Games официјално ја поддржа македонската академија M3DS

Македонската академија за 3D, М3DS, ја доби најверојатно најголемата поддршка кога гејминг индустријата е во прашање. Epic Games ја вброија академијата во локациите кои нудат авторизиран тренинг за Unreal Engine. Ова без сомневање е големо признание за академија која сè уште е релативно млада.

„Epic Games ќе учествуваат и како партнери на нашиот натпревар за 3Д кој традиционално ќе го организираме секоја година . Минатата година нашиот настан беше извонреден имавме 150 натпреварувачи. По кратка презентација го увидоа тоа и сфатија дека ни треба поддршка како млада академија за 3Д и гејм дизајн.“, вели Стефан Митров од M3DS.

Поддршката од Epic Games не е само формална. Epic ќе достави официјална литература за Unreal Engine која ќе биде дел од програмата на курсот на M3DS.

Академија за 3Д и дизајн на видеоигри е креирана нешто повеќе од половина година и првите курсеви се речиси на половина од предвиденото времетраење. Сепак најинтересниот дел од курсот е пред нас. Завршен проект на студентите на академијата треба да биде куса видео игра. Сепак благодарение на ентузијазмот на студентите, а по сè изгледа и на предавачите, првата класа на академијата ќе изработи една заедничка гигантска игра.

Сите кои се заинтресирани за посети на курсот можат да го направат тоа во јуни за кога е предвиден следниот почеток на курсевите.

Facebook профил на M3DS академија за 3D и Game Design

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top