0 коментари 1 мин. читање 22 декември, 2016

ИТ настан: Новогодишен Hearthstone турнир и игри на табла, за испраќање на 2016

По подолга пауза турнирите во Hearthstone се враќаат. Овојпат во вистинско време за новогодишните празници, но и за одбележување на експанзијата Mean Streets of Gadgetzan.

Турнирот организиран од Гоблин друштвени игри ќе се одржи на 25.декември во Public Room. Во духот на празниците, на турнирот може да учествуваат сите. Турнирот започнува во 12:00 часот, а пријавувањето започнува еден час порано. Учеството е симболично и ќе чини 100 денари.

Форматот на турнирот е стандард кежуал, а учесниците може да пријават 2 шпила. За наградите овојпат се погрижи Blizzard. Повеќе информации на Facebook страницата за настанот.

Ако ова не ви е доволно, еден ден претходно, во сабота, Гоблин организира „Предновогодишен Board Game Day!“. Вообичаено секој кој сака да дојде може да си донесе игра или може да се приклучи на некоја од игрите кои се играат. Настанот започнува од 14:00 часот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top