0 коментари 1 мин. читање

UberGIVING е нов сервис на Uber во Хрватска

Новогодишните празници се одлично време за човечност и хуманост. Токму ова беше идејата на четири хрватски градови на чии иницијативи Uber ја започна #UberGIVING. Ова е европска иницијатива, која ја започнаа луѓе од 77 градови во 20 европски држави.

Загреб, Сплит, Задар и Дубровник се градовите кои од Uber ја побараа оваа услуга за Хрватска. Она што сервисот го овозможува е бесплатен превоз на подароци до домовите за деца без родители во овие градови. Компанијата на својот блог ги постави и желбите на децата, за заинтресираните да разгледаат и можеби да донираат посакуван подарок.

„Благодарение на UberGIVING во Хрватска, корисниците ќе добијат можност да им достават подароци на децата во домовите за деца без родители за време на празниците и да им ги направат поубави деновите. Освен ова сакаме да ја заклучиме иницијативата со UberTREES. UberTREES овозможува бесплатна достава на новогодишни елки на барање на корисниците.“ 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top