0 коментари 1 мин. читање

Роботот Тим го оддржува акцелераторот во ЦЕРН

Оддржувањето на акцелераторот во Церн е во „рацете“ на роботот TIM. TIM е акроним од Train Inspection Monorail и како што името ви кажува станува збор за робот прикачен на шина. Освен за надзор, TIM се користи и за мерење и дополнителни проверки.

Роботот може да се движи со брзина до 6 km/h. Дел од сензорите овозможуваат надгледување на структурата на тунелот, количеството кислород, комуникациите и температурата. Дополнително, роботот е опремен со обична и инфрацрвена камера.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top