Доаѓање до брендот на автомобилот исто така не е лесна задача. Иако голем дел од брендовите имаат свои .мк домени, дел можат да се најдат само под своите дистрибутери, така што наоѓањето беше дополнителна авантура. За да увидат продавачите дека веб страните во ова време се и те како важни, во својата потрага по нов автомобил веднаш ги одбив од конкуренција два продавачи кои немаа никакви контакт информации на својата страна (исто така и цени), како и еден продавач кој токму за моделот на автомобилот за кој барав информации линкот беше нефункционален. Исто така се обложувам дека дел од дилерите немаа направено измени во цените кои трпеа промени од тековни попусти (гледајќи по рекламите од телевизија) додека на веб сајтот стојат стари цени, со што тие автомобили ги отпишав како прескапи иако истите можеби биле во мојот предвиден буџет. Доколку бев во состојба да дојдам до дополнителни информации, можеби и ќе изберев друг автомобил.
Со статијава би сакал да им предочам на дилерите на автомобили дека не е доволно да само да „имате” веб сајт, туку истиот да е функционален и редовно ажуриран.
Peugeot
URL: http://www.peugeot.com.mk/
Изработка: Flash + HTML
Коментар: Пристоен дизајн, и редовно уредувани содржини, со навремени информации за промоциите и цените на возилата.
Багови: Во сите прелистувачи линковите за возилата отвараат нов прозорец со иницијалниот екран, и саканото возило не се отвара. Така што има само делумно функционален сајт, каде не може да дојдеме до деталите на возилата.
Оценка: 5/10
Citroen
URL: http://www.citroen.com.mk/
Изработка: HTML
Коментар: Едноставен, на моменти и штур дизајн, но ги содржи потребните информации.
Багови: CSS багови, менијата во подстраните немаат позадина.
Оценка: 6/10
Renault
URL: http://www.renault.com.mk/
Изработка: HTML + Javascript
Коментар: Интересен кориснички интерфејс, кој би можел да биде уште по корисен ако ја памти позицијата каде последен пат сте застанале наместо да мора да скролувате повторно до старата позиција. Дополнителните ефекти со JavaScript го прават сајтот да изгледа како да користи Flash, но при тоа работи и на паметни телефони (Android, iPhone). Мораме да го пофалиме едноставниот но ефективен изглед на сајтот, кој ги содржи сите информации, лесен за навигација.
Багови: Не открив.
Оценка: 9/10
Hyundai
URL: http://www.hyundai.com.mk/
Изработка: HTML
Коментар:Едноставен HTML сајт кој ги содржи сите потребни информации кои се потребни за купување на Hyundai автомобил. Цените се редовно ажурирани, како и информациите и моделите на автомобилите.
Багови: Не открив.
Оценка: 8/10
Toyota
URL: http://www.toyota.com.mk
Изработка: Flash + HTML
Коментари: Иако сајтот е релативно едноставен, навигацијата не е многу прегледна, што ја ограничува корисноста на веб сајтот. Цените со попусти не беа вметнати во ценовниците, што значи дека содржината не се ажурира редовно.
Багови: Не открив.
Оценка: 7/10
Mazda
URL: http://www.mazda.com.mk/
Изработка: Flash + HTML
Коментар: Едноставна навигација, но целиот сајт е на латиница, а брошурите на хрватски. Контакт информации за дилерот нема (контакт страната е празна?), така да мора да барате Мazda дилер по жолти страници. На крај успеав да најдам број на застапникот во ценовникот, кој е PDF датотека. Основната цел на веб страната е да информира за возилата како и за застапниците на истите, стандарди кои, по мое мислење, оваа веб страна не ги исполнува.
Багови: Не откривме
Оценка: 6/10
Mitsubishi
URL: http://www.mitsubishimotors.mk/
Изработка: Flash + HTML
Коментар: Еден од подобрите веб сајтови за автомобили на кој наидов, со едноставна и ефективна навигација, импресивен за гледање, и функционален со своите конфигуратори за цената на автомобилите.
Багови: Не открив.
Оценка: 9/10
Ford
URL: http://ford.mk/
Изработка: HTML + JavaScript
Коментар: Шарен, но сепак едноставен и ефективен во својата цел, со сите информации кои се потребни при пазарење на нов автомобил.
Багови: Кликањето на табовите во деталите на автомобил го носат скролот на врвот (линкот е котва #), што малку нервира.
Оценка: 8/10
Skoda
URL: http://www.skoda.com.mk
Изработка: HTML + JavaScript
Коментар: Шкода доби редизајн на својата веб страна со едноставен и функционален веб сајт каде линковите конечно работат. Навигацијата на деталите за возилата не е најинтуитивна, но е сепак задоволителна.
Багови: Не открив.
Оценка: 8/10
Dacia
URL: http://www.dacia.com.mk
Изработка: HTML + Flash
Коментар: Едноставен веб сајт со јасна навигација. Сликите од галериите се отвараа во pop-up прозорец, решение кое во денешно време е напуштено за помодерните т.н. „modal” прозорци.
Багови: Не открив.
Оценка: 7/10
Nissan
URL: http://www.nissan.com.mk/
Изработка: Flash
Коментар: Иако Flash би требало да работи на сите прeлистувачи, од некоја причина сајтот не се отвара во Google Chrome. Навигацијата е едноставна, но ограничената големина на прозорецот го ограничува количеството на податоци кои можат да биде прикажано. Сајтот не работи на прелистувачи на мобилни телефони.
Багови: Не открив.
Оценка: 6/10
Audi
URL: http://www.audi.com.mk/
Изработка: HTML + Flash
Коментар:Дизајнерите во намера да го искористат целиот простор користеле флуиден дизајн, кој за жал на поголеми дисплеи го носи менито во крајно десно, и ја прекршува навигацијата и функционалноста на сајтот. Доколку го намалите прозорецот доволно за навигацијата да дојде на својата нормална позиција, добивате пристоен и информативен сајт.
Багови: Проблем со навигација.
Оценка: 6/10
BMW
URL: http://www.bmw.com.mk
Изработка: HTML + JavaScript + Flash
Коментар: Иако е визуелно импресивен, со интуитивна навигација, сепак дел од сајтот не беше преведен, и имав потешкотии со лоцирање на информации за цените на автомобилите. Линкот со цените беше празен документ.
Багови: Online store линкот не работи
Оценка: 7/10
Chevrolet
URL: http://www.chevrolet.mk/
Изработка: HTML + JavaScript
Коментар: Морам да дадам петка за менито со возилата, навистина свежо и оригинално. Целиот сајт користи HTML и JavaScript што му дава свежина и ефекти слични на Flash, но без да го оптеретува истиот. Но, откако ќе се влезе во деталите за некој автомобил, не чекаат штури информации и превземање на каталог. Очекував повеќе по впечатливиот прв впечаток.
Багови: Не открив.
Оценка: 8/10
Opel
URL: http://www.opel.com.mk/
Изработка:HTML + Flash
Коментар: При отварање на брендот ја добиваме страната на застапникот Авто Куќа. Од менито потоа треба да избереме Оpel, по што ќе бидете однесени на мини сајтот на Оpel. Менито е нефункционално, големината на сајтот е малечка, и не можеме да најдеме пофални зборови.
Багови: Не открив.
Оценка: 6/10
Volkswagen
URL: http://www.vw.com.mk/
Изработка: HTML + JavaScript + Flash
Коментар: Корисен и функционален веб сајт, на кој ни сметаа само малите букви, кои на поголеми дисплеи се тешки за читање.
Багови: Не открив.
Оценка: 7/10
















Коментари
17 коментари
Коментарите се затворени.