2 коментари 1 мин. читање

Русија ќе користи слободен софтвер, нареди премиерот Путин

Рускиот документ ја одредува стратегијата како властите да се префрлат од затворените лиценци на слободниот софтвер со отворен код како GNU/Linux.

Стратегијата започнува од 2011 година со „креирање на основен пакет за слободен софтвер решенија за типични проблеми“, продолжува во 2012-та година со „развивање и сугестии за првичните потреби и професионални вештини“, во 2013 следува замена на комерцијалниот софтвер со слободен софтвер во високото образование, а во 2015-та откако ќе се имплементираат точките ќе се направи нов план за развој на федерални алатки со слободен софтвер.

Според министерот за комуникација, Илија Масух, најверојатно ќе се направи владина продавница за апликации за слободен софтвер налик на App Store.

Претходно, од 2008 година, Русија спроведе кампања за воведување на слободниот софтвер во училиштата во земјата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top