0 коментари 1 мин. читање

Ани и Дими ја тестираа камерата на iPhone 7 Plus

Фотографскиот пар Ани и Дими, кои пред некое време ги интервјуиравме за тоа како е да се работи заедно, денеска на својот официјален Facebook профил споделија видео од нивниот тест на камерата на iPhone 7 Plus. Парот ја тестира камерата на новиот iPhone 7 Plus во студио и на терен, а резултатите се презентирани во самото видео.

„Ова е видео тестот што го направивме за новиот iPhone 7 Plus благодарение на Apple premium reseller-от iStyle. Важно е да нагласиме дека фотографиите и видеото се без никаква дополнителна обработка.“ гласи нивниот пост на Facebook.

Дека камерата е една од главните работи при одлука за купување на мобилен телефон потврдува и Google кој тврди дека нивните нови мобилни телефони Pixel ја имаат најдобрата камера во светот, а и Apple, чија маркетиншка стратегија зад iPhone 7 е исто така двојната камера.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top