0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Lynx Animation и Tab Tale ги бараат најдобрите развивачи на видеоигри

Lynx Animation Studios кои најверојатно ви се познати по анимираниот филм „Џон Вардар против Галаксијата“  и TabTale организираат натпревар. Натпреварот треба да ги пронајде најдобрите развивачи на видеоигри во Македонија.

Натпреварот е веќе отворен од 10. октомври, а пријавувањето на игрите ќе трае до 26. октомври. Потоа ќе бидат избрани победниците и доделени наградите на 28. и 29. октомври. Креаторите на најдобрите три игри ќе бидат наградени, а првонаградената игра ќе биде и издадена.

Заинтересираните можат да ги пријават своите игри на  [email protected], а за повеќе податоци контактирајте некој од организаторите нанивните  facebook-страници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top