0 коментари 1 мин. читање 7 октомври, 2016

Uber со промо видео ги поканува граѓаните на Питсбург да ги пробаат автономните возила

Нема многу поголеми ѕвезди во Питсбург од фудбалерите на NFL тимот на Pittsburgh Steelers. Најверојатно ова е главната причина поради која Uber се одлучи да сними промотивно видео, токму со ѕвездите Кем Хејворд и Стефон Туит, американски фудбалери од овој тим.

Видеото е и информативно, па гледачите можат помалку да дознаат и за можностите на: LiDAR системот за следење, но и за безбедносните причини поради кои возачот мора да биде присутен во возилото.

Uber разнесува патници во Питсбург веќе еден месец. Градот е избран бидејќи канцелариите и лабораториите за развој на роботика се лоцирани тука. Со изборот пак на локални ѕвезди компанијата најверојатно сака да го приближи сервисот до населението.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top