0 коментари 2 мин. читање

Стартапи од регионот успешно се претставија на Catch

Неколку регионални стартапи се главни добитници во финалето на Catch наградите. Настанот  се одржа на 27, 28 и 29 септември во „Југословенска кинотека“ во Белград.

Од шесте одбрани победници 4 се од Србија, 1 од Косово и 1 од Украина. VisMedic, mBrainTrain, FriendRecap и Ci Gel, се српските стартапи, а Formonе косовскиот стартап кои се помеѓу победниците.

VisMedic и Friend Recap стартапи во кои фондот ќе инвестира 750.000, односно 180.000 евра. Добитници  на наградите за иновација се:

  • mBrainTrain (650.000 евра),
  • Ci Gel(650.000 евра) и
  • Formon (130.000 евра).
  • Последниот награден стартап е bNesis и ко-основан во Украина и Шпанија.

Првонаградениот VisMedic е онлајн платформа која овозможува видео консултации со лекари специјалисти. Friend Recap e мини друштвена мрежа која овозможува на едно место да се разгледуваат постовите од сите друштвени мрежи од 8 најдобри пријатели.

mBrainTrain кој ја освои наградата за иновација, работи на уред со поддршка за паметни телефони кој ќе овозможи снимање на мозочната активност. Ci Gel е адитив кој треба да помогне со справување со пожарите. Станува збор за прашок кој се користи за гасење, и спречува понатамошно ширење на пожарот. Косовскиот стартап Formon, пак работи на креирање на десктоп 3д-принтер.

Catch натпреварот е во организацијана на Founder Investment фондот од Берлин и Лос Анџелес. Ваков натпревар е предвиден и за следната година, јави Startit.rs.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top