Отворен код за креирање бот мрежи од камери, фрижидери и останати паметни уреди

Кодот кој пред неколку недели беше искористен за најголемиот DDoS напад досега, сега е јавно достапен. Софтверот е достапен на Hackforum, пишува KrebsonSecurity.

Кодот овозможува милиони уреди поврзани како „интернет на нештата“ да креираат бот-мрежа која потоа се користи за напад. Мрежата беше искористена за сајбер-напад врз сајтот на безбедносниот експерт Брајан Кребс, јави Motherboard.

Кодот овозможува пронаоѓање и злоупотреба на уредите чие корисничко име и лозинка се непрoменети и се исти како денот кога излегле од фабрика, за што постои и интернет пребарувач. Бројот на вакви уреди е огромен, од веб-камери до паметни фрижидери, па обемот на DDoS нападите кој постојано расте не е изненадување.

„Кога прв пат влегов во DDoS индустријата, не планирав да останам долгo. Заработив. Сега има многу погледи свртени кон интернет на нештата и време е да се изгубам. Денес имам неверојатно издание за вас. Со Mirai вообичаено можам да повлечам 380.000 ботови само од телнет. Но, по неверојатниот напад врз Krebs, интернет-провајдерите ги затвораат и ја чистат мрежата. Денес максималниот опсег е околу 300.000 и паѓа.“, вели Anna-sepai, креаторот на малициозниот код.

Безбедносните експерти, постојано предупредуваат на опасноста од ненадградувањето на софтверот на уредите поврзани на интернет и неменувањето на основната поставена лозинка. Вообичаено опасностите се за сопствениците на овие уреди, но се почесто камери, телевизори или фрижидери се дел од бот-мрежи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] од стотици илјади уреди се секојдневие. Во нападите со Mirai беа вклучени 380 000 небезбедни уреди: телефони, […]

trackback

[…] за креирање на оваа бот мрежа Mirai, подоцна беше јавно достапен на Hackforum. Кодот овозможува детектирање и злоупотреба на […]

trackback

[…] како и Mirai нападот ги детектира небезбедните уреди кои се на […]

trackback

[…] вистински проблем за безбедноста. Минатата година ботнет мрежа креирана со Mirai беше искористена за најголемиот DDoS напад. Во 2017 […]

trackback

[…] Вчерашниот DDoS напад над сервисот за менаџирање и оптимизација на DNS, Dyn, според извори од компанијата, бил изведен од компромитирани “Интернет на нештата” уреди – CCTV камери, дигитални видео рекордери, IP камери и други уреди. По извршената истрага, во која беа вклучени и властите на САД, зад сцените е злонамерниот код Mirai, кој од септември, 2016-та е јавно достапен. […]