0 коментари 2 мин. читање

По стапките на Бил Гејтс, Марк Закерберг сака да се пронајде лек за сите болести

Марк Закерберг и Присила Чан донираа 3 милијарди US долари во фонд кој треба да пронајде лек за сите болести. Ова е прва инвестиција на брачниот пар кој најави дека ќе донира 99 отсто од своето богатство.

Брачниот пар идејата за лек за сите болести ја претстави во преполна сала, а дел од гостите беа Сундар Пичај од Google и рускиот милијардер Јури Милнер, јави Recode.

„За најголемите откритија е потребно многу време. Ова е за иднината која им ја посакуваме на нашите деца. Доколку има можност да помогнеме да се излечат сите болести во нивниот животен век, тогаш тоа мора да го направиме“.

Средствата ќе бидат распределени во следните 10 години, а 600 милиони долари се инвестиција во истражувачка лабораторија во Сан Франциско, Chan Zuckerberg Biohub. Дел од лабораторијата се најголемите универзитети кои се во близина: UCSF, Stanford и University of California.

Во основа планот е прилично едноставен и е составен од три точки:

  • Креирање на простор во кој ќе соработуваат инженери и научници
  • Креирање на алатки и технологија
  • Проширување на движењето за обезбедување на повеќе средства

Очекувано настанот не можеше да помине без основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

„Ни треба повеќе наука. Мислам дека сите кои сме присутни тука денес ќе бидеме горди што ќе може да кажеме дека сме биле тука кога Марк и Присила го започнаа ова“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top