1 коментар 1 мин. читање

Google најави настан на кој ќе претстави хардвер, сликите на уредите можеби протекоа

Google за 4 октомври најави настан на кој по сѐ изгледа ќе бидат презентирани новите телефони. Шпекулациите од поодамна говорат дека Google ќе го замени Nexus со Pixel, а формите кои може да ги забележиме секако наликуваат на телефон. До настанот нѐ делат две недели па нема потреба од премногу шпекулирање.

Речиси истовремено со најавата, се појавија и нови слики од телефоните кои компанијата најверојатно ќе ги презентира на 4 октомври. Сликите на Pixel и Pixel XL, први ги споделија Android Police.  Сликите прикажуваат навистина убави телефони, изработени од стакло и алуминиум, а читачот на отпечатоци е забележлив и на сликите. Телефоните најверојатно доаѓаат со 5.5 и 5 инчен дисплеј, а потврда на овие податоци ќе имаме за две недели.

nexus2cee_px2
Image: Android Police
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top