0 коментари 1 мин. читање

Gmail доби опција за враќање на избришани контакти

По Undo опцијатa за поништување на пратениот мејл, ова е уште една опција која овозможува да си ги поправите грешките направени во Mail.

За да повратите листа на контакт, отидете на Gmail Contact делот, во More Actions менито одберете Restore Contacts и одберете го временскиот период. Времето може да биде до 30 дена, што е доволно време да ви текне дека сте избришале контакт и истиот да го вратите.

Трикот тука е што ако се вратите на претходна листа со контакти, сите контакти кои не постоеле тогаш и кои се додадени по тој датум ќе бидат избришани.

„Но, не грижете се, сега можете повторна да ја вратите претходната листа ако го утнете времето.“, вели Google.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top