0 коментари 2 мин. читање 6 септември, 2016

Првиот Apple компјутер се продаде за 815.000 US долари

Првиот прототип на компјутер од Applе се продаде за 815.000 US долари во аукциско наддавање организирано од Charitybuzz. Apple 1, првиот компјутер на кој работеа Стив Вознијак и Стив Џобс е во серија од 200 уреди. Овој уред е еден од првите, ако не и првиот направен, вели истoричар на Apple за BBC.

Apple_I_Computer

Највисоката понуда на аукцијaта ја имаа Глен и Шенон Делимор, кои ќе го покажуваат компјутерот низ училишта и универзитети. Во наддавањето учествуваа околу 80 учесници, иако се очекуваа 1 милион долари, уредот не ја постигна предвидената цена. Ова не е најскапиот Apple 1, во 2014 Apple 1 се продаде за 905,000 долари.

Високата цена на компјутерот сепак е и добра вест; 10 отсто од сумата ќе биде донирана за целите на организацијата “Leukemia and Lymphoma Society”.

Плочката на компјутерот има печат кој покажува дека компјутерот е произведен во летото 1976. Само неколку од Apple 1 компјутерите се со рачно залемени компоненти вели Г. Вознијак.  Apple е основан во април 1976, а првите Apple 1 компјутери се појавија во продавниците во јули 1976. Јасно е дека станува збор за еден од нивните први компјутери. Компанијата произведе 200 Apple 1 компјутери, од кои се продадоа 175. Претпоставките се дека низ светот постојат помеѓу 60 и 70 Apple 1 компјутери.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top