Од 00.00 оваа вечер (со мало задоцнување) започна гласањето за IT.com.mk Награди 2010. Објавени се сите кандидати кои се најдоа во Листата на номинирани и кои беа пријавени во првиот циклус од Наградите, кој траеше од 1-ви ноември до 10-ти декември. Пријавени се повеќе од 220 кандидати во 3 #mkwin и 1 #mkfail категории, од кои најбројна е категоријата “.мк сајт на годината”.
Пред да започнете со гласањето, да ве потсетиме која е целта зад овој конкурс:
“Како медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и инспирираме, IT.com.mk за прв пат организира награди за најдобрите, иновативните и креативните умови и проекти од македонската ИКТ сцена во 2010 година.”
Сите кандидати се објавени со линкови и дополнителни описи на – www.it.com.mk/nominirani , откако ќе ги разгледате сите пријави, вашиот глас може да го испратите преку следниов линк – www.it.com.mk/nagradi . Гласањето трае до 22-ри декември, а победниците ќе бидат прогласени на 26-ти декември.
Среќно и нека победи најдобриот!
Напомена: Секој посетител има право да гласа само еднаш. За да се избегне злоупотреба и “местење”, се користи верификација според ИП (интернет протокол) адреса и cookies. Се чуваат листи од логови на IP-а кои ќе се прегледаат на 22-ри и ќе се регулира гласањето според нив ако не се ок.
Коментари
70 коментари
Коментарите се затворени.