Nvidia најави дека новите GTX 1060, 1070 и 1080 ќе ги заменат 970M, 980M и 980. Новите графички не само што се подобри туку и лаптопите ќе бидат поевтини. Центата на лаптоп кој ќе биде VR-ready, сега ќе падне на 1.400 долари, јави Tomshardware.
Со новите графички картички Nvidia ја избриша „М“ ознаката, тврдејќи дека мобилните картички се со исти перформанси како и десктоп верзиите.
Картичките од 10 серијата се дури 76 отсто побрзи од Mawell, и доаѓаат со истата 16 nm архитектура како и десктоп серијата. Иако перформансите се подобри, новите графички картички нема да трошат повеќе. Ова е важно кога се во прашање уреди кои се на батерија. Сепак тешко е веројатно, дека вака лаптопот ќе може да работи подолго време.

Можеби најдобра демонстрација на можностите на картичките се перформансите на мобилната верзија на 1080. На бенчмарк тестот Ungine Heaven, картичката е побавна единствено од новата Titan картичка и од десктоп верзијата на GTX 1080.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.