1 коментар 2 мин. читање 28 јули, 2016

Xiaomi го претстави својот прв лаптоп и ги оживеа споредбите со Apple

По куп телефони, таблет компјутери, велосипед и неколку паметни уреди, кинескиот гигант Xiaomi конечно го претстави и првиот лаптоп компјутер. Mi Notebook Air секако нема да помогне компанијата да престане да биде споредувана со Apple.

Првиот лаптоп од Xiaomi е импресивен, доаѓа во неколку верзии но најдобрата е со 13,3 инчен лаптоп, со Skylake Intel Core i5-6200U процесор и NVIDIA GeForce 940MX GPU графичка картичка. Како ова да не е доволно импресивно, лаптопoт доаѓа со 256GB SSD и 8GB DDR4. Лаптoпот на едно полнење на батеријата може да работи до 9,5 часа, а за полнење од 0 до 50 отсто од капацитетот на батеријата е доволен половина час.

Помалиот модел е 12,5 инчен и доаѓа со: Intel Core M3 процесор, интегрирана графичка картичка, 4GB RAM, и 128GB SSD диск. Лаптопите не се произведени од Xiaomi, туку се дел од програмата на компанијата во која Xiaomi е поддршка за партнерите кои ги произведуваат уредите. Партнер на Xiaomi за овие уреди e Tianmi.

Xiaomi Notebook Air ќе бидат достапни во Кина на 2 август, за 750 и 520 долари. Засега нема најава за меѓународно издавање на моделите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top