1 коментар 1 мин. читање 20 јули, 2016

Pokemon Go профили се продаваат на eBay за илјадници долари!

Куп играчи кои не сакаа да чекаат и да се замараат со потрагата на покемони, најчесто од богатите држави од Блискиот Исток, сега можат да купат PokemonGo профили за илјадници долари oд Ebay. Лудилото Pokemon Go се претвори во фантастичен бизнис, каде најбрзите и највештите можат да продатат профил на eBay за неколку илјадници долари, јави Guardian.

Ова на нестрпливте играчи им овозможува да прескокнат дел од „левелирањето“ и веднаш да почнат да играат со ретки или напредни покемони. Ова тргување не е во согласност со правилата за користење на Pokemon Go, но Niantic засега сè уште им прогледува на играчите низ прсти. Аукциите кои ние ги пронајдовме се движат од 50 до 500 долари.

Инаку за играчите од Македонија, веќе е закажан првиот друштвен настан „Масовно ловење на покемони“ за оваа сабота.

pokemon-ebay

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top