0 коментари 1 мин. читање

Дрон маскиран како птица го надгледува Могадишу

Во обид да ги скријат беспилотните летала, армиите на повеќе држави се обидуваат да ги емитираат птиците, не само по изгледот, туку и по „навиките“ на птиците. Ова помага леталата да бидат потешки за забележување од земја.

Дронот кој на 1 мај е срушен во Могадишу наликува многу повеќе на птица, отколку на современо беспилотно летало. Леталото и припаѓа на Сомалиската агенција за разузнавање и безбедност, велат извештаите кои го сподели Verge.

Леталото е копија на птица, со крила и опаш, а пропелерите се сместени на крилата. Американската команда за специјални акции, поседува слично летало кое не само што е копија на птица, туку и мавта со крилата за да ги излаже набљудувачите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top