Но тоа што е интересно за нас е што благодарение на друштвените мрежи сега може да се чуе прочита личното мислење на корисниците. Подолу ќе најдете доста интересни, сериозни и забавни коментари на Twitter, споделени преку #opsada тагот. Милан Јаковчевски споделува дека до сега се архивирани 1.565 твита со хаштагот за опсада, според twapperkeeper.com. Според Калина Зографска броејќи го Twitter пребарувањето, има вкупно 2.600 твитови со тој хаш таг, без други зборови.
@azder да, 1500 max per search. затоа прво најновите, па после од најстариот таму – наназад.15 страни по 100 и 11 страни по 100 = 2600
А сигурно ќе најдете и куп информации и мислења и на Facebook. Веќе има група „Да се собереме 2.000 луѓе да ја ослободиме А1“ која за кратко време, од вчера, има над 27.000 фанови.
Токму тоа е практичноста на друштвените мрежи, секој да може да се вклучи во дискусијата и да сподели информација, нели?

Коментари
21 коментари
Коментарите се затворени.