0 коментари 2 мин. читање 25 ноември, 2010

Синхронизирање и пристап од секаде до фајловите со SugarSync

Кога ќе го инсталирате SugarSync вие додавате фолдер на вашиот компјутер во кој со лесната повлечи-и-спушти функција додавате фајлови кои автоматски се закачуваат на веб, на облакот, при што потоа на тие фајлови ќе можете да им пристапите преку, пример, мобилниот телефон со логирање на SugarSync.com.

Ќе можете да синхронизирате повеќе компјутери така што при секое едитирање на тие фајлови во SugarSync фолдерот, тие автоматски се апдејтираат и ќе бидат достапни за секој компјутер.

SugarSync има интересна опција да синхронизирате различните фолдери со различни уреди, пример имате преполн SugarSync фолдер на мобилниот кој нема многу простор, па на дел од фајловите ќе можете да им пристапите преку интернет.

Со бесплатното користење имате 5 GB за закачување фајлови + можност да го зголемите тој простор со покана на пријателите. За повеќе простор се наплаќа, зависно од големината која ви е потребна.

(via Горјан Јовановски)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top