4 коментари 1 мин. читање

Почнува електронското пријавување за студентски стипендии во 2010/2011

Но, не очекувајте да завршите работа преку интернет, се уште ќе треба да поднесете хартиени документи.

Имено, електронското пријавување ќе трае до 12 декември. Потоа сите студенти кои поднеле пријава од 16-ти до 26-ти декември треба да ги донесат потребните документи во министерството. Ранг листата ќе биде објавена на 25 јануари на страната на МОН.

Министерството ги укина кредитите зошто не ги враќале, и воведе нов модел, вкупно доделувајќи 2.800 стипендии:

  • 200 стипендии од тип А со месечно 4.000 денари, 170 стипендии за државните, и 30 за студентите од приватните факултети. За тип А стипендија потребен е просек над 8.5.
  • 1.000 стипендии од типот Б со месечно 3.000 денари, 850 стипендии за студенти од државните, 150 за тие од приватните факултети. Потребен е просек над 8.
  • 1.600 стипендии од типот В за социјалните категории по 2.500 денари месечно. 1.400 стипендии ќе бидат за државните факултети, и 200 за студенти од приватните. Предност за овие стипендии ќе имаат студенти без родители, посебни потреби, со самохрани родител или корисници на социјална помош…

Повеќе информации на http://mon.gov.mk/.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top