1 коментар 1 мин. читање

Google и кинескиот Mobvoi ќе го редизајнираат ретровизорот

Кинеската компанија Mobvoi, која пред нешто повеќе од половина година доби инвестиција од Google, започна со изработка на паметен ретровизор. Mobvoi досега работеше на развој на паметни часовници и технологија која се активира со гласот, па гласовното активирање на новиот ретровизор не изненадува. Името на новите ретровизори е Ticmirror, и ќе бидат на некој начин поврзани со вештачката интелигенција на Google.

Но, иако дигиталните ретровизори се новитет, во Кина веќе има 200 компании кои работат на технологијата, јави Recode. Неодамна еден од инженерите вработени во Google презентираше „направи-сам“ паметно огледало, a производителот Nissan веќе го презентираше својот паметен ретровизор.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top