Од 2025 година во Норвешка повеќе нема да може да се купуваат автомобили на бензин или нафта, вели извештајот на Дагенц Нарлингслив, кој го пренесе TheNextWeb.
Властите во Норвешка и досега беа огромен поддржувач на електричните возила, иако ова е радикален чекор. Но, она што е интересно е дека можеби нема да има потреба од законот. Во Норвешка процентот на продажба на електрични автомобили и сега е прилично висок. Дури 24 отсто од автомобилите кои се продаваат се електрични, што е повисоко од било која друга држава. Причината за ова е што Норвешка, која е определена да биде „зелена“ земја, нуди куп поволности за купувачите на електрични автомобили. Сопствениците на електричните автомобили не плаќаат данок за возила, не плаќаат паркинг, нуту патарина, а можат да возат и на лентите за автобуси.
Освен Норвешка сличен закон разгледуваат уште неколку држави, помеѓу кои се Индија и Холандија.







