0 коментари 1 мин. читање

Ако мора, Microsoft ќе ве присили да имате подобри лозинки

Microsoft најави дека повеќе нема да дозволува лозинките да бидат едноставни за пробивање. Промените доѓаат на Microsoft профилите, но и на Azure AD, јави The Next Web. Проверката е прилично едноставна, па можеби е и мало изненадување како никој не ја спрoведе претходно. Доколку лозинката на корисникот ја има во повеќе дата-базите од неодамешните сајбер напади, корисникот ќе мора да ја промени. Со оглед на тоа дека секогаш има „123456“, „asdqwe“ и „password“ лозинки, тие прилично брзо ќе бидат отстранети од листата.

Надвор од ова правилата за лозинки се еднакви како и досега, треба да бидат подолги од осум карактери, да сидржат „caps“ карактери, а не е лошо и да додадете некој симбол. Mожете да користите потполно случајна лозинка и менаџер на лозинки, пример Lastpass. Конечно статистиката покажува дека профилите заштитени со двојна авторизација многу поретко се жртви на напади.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top