2 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Дружење и официјално лансирање на македонската игра Excubitor

По долгото чекање, и официјално излегува Excubitor, првата македонска игра која беше одобрена за продажба од Steam. Студиото Tesseract Interactive закажа забава на 26-ти мај по повод лансирањето на својата прва игра, на која се поканети сите македонски гејмери, гејминг ентузијасти и креатори на игри. Освен дружење и размена на искуства за играњето и креирањето на видеоигри, посетителите ќе можат да ја пробаат Excubitor која е достапна на Steam, за Windows, Mac и Linux по цена од 20 евра.

Excubitor и официјално излегува на 26 мај на Steam, а со тоа ќе биде втора македонска видеоигра во дигиталната продавница по Raining Blobs.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top