Секој корисник ќе добие своја @facebook.com адреса, но „ова не е убиец на имејл сервисот“, вели Зукерберг, туку е систем кој што го вклучува имејл сервисот и е начинот како ќе се комуницира во иднина.
Социјалниот инбокс ќе ги содржи сите пораки, од SMS пораките, имејл, четот… сите се во друштвеното сандаче кој ќе дава предност на пријателите. Сета останата комуникација од тие што не ви се пријатели во мрежата ќе оди во посебен фолдер.
Секој корисник ќе има целосна историја на четот и пораките со секој пријател. Модерна верзија на „бабината кутија со писма“. Ќе има можност да се архивира комуникацијата која нема да се појави во друштвеното сандаче, и секако опција за целосно бришење на пораките.
Системот ќе се обиде да биде брз при праќањето пораки, ако некој ви прати SMS порака, а вие сте онлајн на четот ќе ја добиете порака на чет, и обратно. Ќе може да се комуницира и преку мобилните апликации со цел да се добие пораката во моментот на испраќање. Но, ќе има и опција за одбирање преку кој сервис да биде пратена пораката.
Овој „модерен систем за пораки“ ќе се објавува поспоро, на почеток ќе биде достапен само со покани, а комплетно достапен ќе биде после неколку месеци.
Интересно, за овој систем е составен тим од 15 инженери, што е најголемиот тим досега кој работел на еден Facebook проект. Дополнително, за потребите на системот за пораки е изградена нова инфраструктура користејќи го системот со отворен код hBase.

Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.