0 коментари 1 мин. читање

Еxcubitor, првата македонска игра на Steam, ќе може да се купи од 26-ти мај

Првата македонска видеоигра конечно има дата на издавање. Excubitor, ќе биде достапна од 26 мај на Steam за Windows, Mac и Linux. Excubitor е дело на скопското студио Tesseract Interactive кои ќе ја издадат играта со помош на Kasedo Games. Студиото е еден од ретките македонски проекти кои успешно го поминале патот од хоби, до проект до акцелератор до реализација и продажба. Во 2013-та година стартапот доби 30.000 евра инвестиција од LAUNCHub, кои му помогнаа да стане првата македонска игра на Steam. Втората македонска игра на Steam е Raining Blobs.

Excubitor е научно-фантастична tower defense игра во која играчите можат да играат со неколку различни вселенски бродови, а целта е да се заштити иднината на Земјата. Играчите најпрво ги поставуваат кулите, а потоа и управуваат со Hammerhead леталото во одбрана на системите. Освен стандардните нивоа во кои ќе треба да се совладаат роевите дронови кои надоѓаат, има и босови, па играта ветува навистина многу, многу забава. Excubitor е достапна од 26 мај на Steam и ќе чини 20 долари/евра.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top