2 коментари 1 мин. читање

Acer претстави Chromebook for Work кој може да го истресете од земја

Новиот Chromebook 14 на Acer доаѓа со поробусна изработка и може да издржи пад од 1,2 метри. Освен падовите, Chromebook 14 може да издржи и потурање со вода или сок, и се чини дека е создаден и совршен за потрапавите корисници. Екранот е заштитен со Gorilla Glass, што му дава заштита каква што имаат некои поробусните телефони, но вообичаено не и од лаптоп компјутерите.

Компјутерот доаѓа со 14 инчен екран и батерија која ќе овозможи 13 часа работа помеѓу полнењата, 32 GB слободeн простор 4GB RAM меморија. Како и останатите Chromebook уреди доаѓа со Google for Work, кој доаѓа со сите апликации на Google, од Hangouts до Gmail. Уредот сè уште не е достапен во продажба, но според најавите од The Next Web кои го тестираа компјутерот би требало да биде наскоро достапен на Acer.com.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

2 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top