0 коментари 1 мин. читање

Кинескиот „Tesla Motors” воведе гласовни команди во автомобилите

Кинескиот телефонски гигант LeEco, успеа да му нанесе мал пораз на Tesla Motors.

Електричниот автомобил на оваа компанија LeSEE е првиот кој може да следи гласовни команди. Џи Јуатенг ги презентираше овие можности, а повеќе детали за автомобилот ќе дознаеме на Beijing Auto Show, според Engadget.  

За разлика од Tesla автомобилите кои имаат софтвер и можат да дојдат до возачот со притисок на копче на паметен телефон, LeEco ги слуша гласовните команди.

Возилото на LeEco изгледа одлично, доаѓа со уникатен преден фар и куп дисплеји внатре.

Засега станува збор единствено за концепт, но LeSEE може да биде и првиот чекор за автомобил на Faraday Future компанија која претендира да биде конкурент на Tesla.

LeEco неодамна инвестираше во соработката на Faraday Future и Aston Martin. Компаниите засега работат на отворање на првата фабрика.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top