Студентите полесно ќе наоѓаат работа со LinkedIn Students

LinkedIn презентираше нова апликација, засега достапна единствено во САД, но со план за експанзија, која ќе им овозможи на студентите кои само што завршиле колеџ, полесно да дојдат до работа.

Апликацијата ќе им овозможи на студентите уште додека студураат да дознаат колку побарување ќе имаат на пазарот на трудот кога ќе завршат со студиите, во зависност од нивниот „major“ (главен предмет кој го изучуваат).

Апликацијата ги прикажува апликациите и работните позиции кои се достапни со образованието. Она што најверојатно ќе биде поинтересно за најголем дел од студентите е можноста за работа со завршен факултет во различни индустрии.

Апликацијата сите информации за профилите ги собира од над 400 милиони корисници. Ова најверојатно се најточните податоци во моментот, и доаѓаат директно од индустриите и пазарот на труд.

Дополнително апликацијата на сите кои ја користат им прикажува и препорачува статии од влијателни членови кои пишуваат за нивните први работни искуства и што работеле веднаш по излегувањето од колеџ или универзитет.

Апликацијата LinkedIn Students е поедноставна за користење од LinkedIn мрежата и од основната апликација и треба да привлече поголем број на корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk