3 коментари 1 мин. читање

Успех за Small Star Empires! Играта ја исполни квотата на Kickstarter

Конечно ја добивме и првата македонска кампања која забележа успех на Kickstarter. Small Stars Empires успеа да собере 14.000 aвстралиски долари за да го надмине првиот праг на финансирање.

Успехот на играта за табла Small Stars Empires, не треба да ве изненади ако знаевте дека креаторот на играта Милан Тасевски последните 10 месеци беше супер ангажиран по саеми и градење на заедница околу играта. Успешната кампања е можеби наjдобар показател дека освен квалитетен и интересен производ, за Kickstarter сепак е потребно и многу повеќе маркетинг.

Играта на Archona Games успеа да ги собере потребните финансии за десетина дена, па во следните 20 ќе имаат можност порелаксирано да се обидат да стигнат до средства за проширените цели.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top