0 коментари 1 мин. читање

Гејмерите на Xbox наскоро ќе се натпреваруваат со PS4 и PC играчите

Microsoft најави дека наскоро сите гејмери ќе можат да играат видеоигри заедно. Компанијата ја најави платформата Cross-Network Play која ќе ги поврзе сите без разлика дали играат на Xbox, PC или PlayStation. Oд Sony изјавија дека поддржуваат меѓу-платформски гејминг уште од 2002-ра година на некои игри, и дека ќе бидат отворени да седнат да разговараат со Microsoft.

За жал засега оваа можност е најавена за помалите игри, а вистинските ААА наслови се очекуваат ви иднина. Првата игра која ќе може да ја играат играчите на Xbox и PC е Rocket League, јави Microsoft на блогот на Xbox. Сепак, за платформата да заживее, ќе мора малку труд и од девелоперите кои ќе мора да ја додадат во своите игри. Доколку девелоперите ја додадат корисниците ќе можат да играат со своите пријатели на Xbox, PC и Playstation.

Очигледно за заедничко играње и останатите ќе треба да се приклучат на иницијативата. Microsoft остави отворена покана за останатите мрежи, која се чини е пред сѐ насочена кон Sony и Nintendo, кои во иднина би можеле да им се приклучат и да им овозможат на сите играчи заедно да играат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top