0 коментари 1 мин. читање 17 март, 2016

Adobe ја претстави новата дизајн алатка за корисничко искуство

Adobe го ребрендираше Project Comet кој сега доаѓа под името Experience Design CC. Се работи за нова UX алатка за дизајнери која е изработена според фидбекот од останатите дизајн алатки на Adobe. Она што го овозможува Experience Design CC е креирање на прототип со кој во текот на целиот процес ќе може да се разгледа функционирањето на софтверот. Развивачите можат да креираат копчиња или точки кои ќе поврзуваат со различни екрани или прозорци. Преку дел од функционалностите алатката ќе може и да им ја забрза работата на развивачите.

Sharing_v9_updated_URL-sm

Засега нема поддршка за responsive дизајн, но со оглед на тоа дека алатката е во тест фаза, ова најверојатно ќе биде додадено подоцна. Засега нема податок за излегувањето и цената на Experience Design CC, но можно е да дознае во ноември на MAX конференцијата. Тоа што е достапно во моментов е тест верзијата која може дизајнерите да ја пробаат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top