0 коментари 2 мин. читање

Европа сака единствени правила за еден дигитален пазар

Една интернет регулатива за сите европски компании. Ова е мисијата на Андрус Ансип, потпретседател на Иницијативата за единствен дигитален пазар во Европската комисија, кој беше поранешен премиер на Естонија. Единствениот пазар треба да овозможи непречена дигитална трговија преку сите европски граници, преку изедначување на законите во сите членки на Унијата. Законот не се однесува единствено на е-трговија, туку и на интернет неутралноста, односно пристапот до сервисите како Netflix, Spotify, па дури и YouTube кој не секој пат е ист во различни држави.

Европските власти се обидуваат да создадат пазар кој нема да биде фрагментиран, па кога некој сервис како Uber ќе влезе во една држава, не мора да се грижи дека прекршува закон во друга земја, а со тоа Унијата ќе биде поатрактивна за нови стартапи. „Во Европската унија успеавме да создадеме единствен пазар во физичка форма. Успеавме да ги урнеме границите помеѓу членките. Но, единствен дигитален пазар не постои“, вели г. Ансип во интервју за Recode.

Г. Ансип е еден од ретките политичари кои не веруваат во гео-блокада, оставање на отворени „back-doors“ за агенциите или обвинување на Интернет за терористички напади, но и промени на Интернет. „Некои луѓе сакаат да кажат дека Интернет е виновен. Ова се луѓе кои убиваат други луѓе. Мораме да го оставиме Интернет отворен“, вели г. Ансип за обвинувањата дека технологијата се користи за терористички напади. „Доколку ги имаме овие задни влезови (back door) порано или подоцна некој ќе ги злоупотреби. Сум рекол многупати, мора да имаме доверба. Ако луѓето не веруваат на е-сервисите, нема да ги користат“, вели тој за Recode

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top